јато (имн.) - чиј (зам.)

На спротивниот брег, од длабочината на шумата што испарува по дождот, се пробива, речиси вертикално кон небото, јато чиј што крик заечи и згасна низ маглите, пред вознемирените погледи на луѓето и коњите од оваа страна, и самите потопени во белузникавата воздишка на прехранетата почва,безимени припадници на дивата кентаурска хорда што бесцелно талка пред срдбата на Господарот на подземјата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)