Нешто му се фалотевме на полжавот – ќе го столчиме ако не пушти рогови и тоа со секира по глава во зелена ливада. (бре, бре што јунаци бевме спроти полжавот – не лижевме лижавчиња, бркавме полжавчиња) Отпосле, кога полжавот ќе пуштеше рогови, ни велеа дека покажува лажна храброст и сила.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Козар маало тонеше во немирен сон. Сите соништа беа различни, но во сите главни јунаци беа нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)