О, зошто немав сабја јас, та со неа мавтајќи, да летнев како јунак в бој!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Само ти и никој друг не е јунак во единицата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со тоа ќе станете еден од поголемите јунаци во државата за кој ќе се зборува неколку дена во сите ударни вести по нашите телевизии.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Главниот јунак во Harlot е трансвестит (Марио Монтез).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нивниот воајеризам е воајеризам и на авторот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Навистина, кое е тоа дете што има две години и гледа филмски јунак во филм што трае два саата?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Првиот вели: „Но, во Шкотските висорамнини нема лавови.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Досега ги објавил книгите: „Младиот мајстор на Играта“ (куса проза, 1983); „...или...“ (куса проза, 1986);
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Слично на онаа отворена финална трансценденција на неговиот главен јунак во еден од најкратките и најлирските раскази: „...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А и беше блескаво, бидејќи тоа беше тонот на тоа време. Вашиот јунак во „Патувањето на крајот на ноќта“ ја открива војната преку стравот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Затоа и било попусто што писателот Семјуел Дилејни – во обидот во 1977 година да си ја одгледува тригодишната ќерка во несексистичка средина во САД и очајувајќи што не можел да ѝ најде доволно сликовници со женски ликови во главните улоги – се нафатил да го менува со „бел коректор и со фломастер“ родот на животното јунак во некако андрогината сликовница што конечно ја избрал за да ѝ ја чита на малата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, строгиот сооднос меѓу жанровите на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето, од една страна, и облиците на родот и на сексуалноста, од друга страна, веројатно ќе им биде на децата јасен и опиплив на едно инстинктивно, интуитивно, утробно ниво, дури и на мошне малите деца, а веројатно ќе биде формативен за нивните субјективитети, иако – како и повеќето возрасни во тој поглед – тие и понатаму се, главно, несвесни за тој сооднос и немаат никакви свесни и експлицитни начини да си ги артикулираат несозреаните перцепции и интуиции што ги произведува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Делумно токму преку таквите жанрови, најпосле, децата си ги пронаоѓаат сопствениот глас и сопствената личност, си наоѓаат пристап до субјективниот израз, се здобиваат со карактер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навистина, станал претпочитан јунак во геј-романсата, нормален геј-маж чиј идеален сексуален партнер (по кого трага и неминовно го наоѓа) е друг, ист таков, геј-маж што се однесува и изгледа стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Ја почнав приказната“, раскажува, „и уште кај првата заменка Ива ми се преврти на скутот и ми рече: „Ама, тато, машко мече е!“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кој беше јунак в борба загина, мајка му беше Славеј Планина, таја го прими, прими загрна во зелената своја промена!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Жртвениот медитерански ритуал достигнуваше една од своите апотеози.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Матанѕистите како да се натпреваруваа кој ќе биде најголемиот јунак во предизвикувањето на умирањето на туните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чанга беше чест јунак во кратките вести.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Пред една година, додека одев на работа, ја оставав сама во мојот стан.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ми дофрли: – Како која обетка? Онаа која е предуслов за да станеш јунак во приказната „Чај за двајца“ и да дојдеш овде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)