Тоа се две чети јунаци и комити: четите на Гоце и на пиринскиот цар - Јане Сандански.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Јаков умее да напише јунак и умее да напише аждер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некаде во седумдесеттите вујко ни Пане беше во Берлин.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
- Немој... Пушти ме. Креваш рака на свет човек. Погледна ли над вратата кога влезе?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само толку кажува песната за овие пелистерски јунаци и завршува како што почнува: Ој, Лумане,Лумане, Ој, куче касапско, Не ми ти е ланската година!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во сите наши разговори, семејни дружења, секогаш подеднакво беа и се присутни јунаците и од Будимпешта и од Гаково и од Загреб и од Берлин...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дури и оној внук на синот или на внукот на зографот од првата половина на деветнаесеттиот век, иако сега издуван, јунак и артилерец во српска или бугарска батерија од балканските војни, седеше под сенка со чанак попара пред себе, давеше муви во реткото млеко и мавтајќи со лажицата пееше со децата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)