љубов (имн.) - нема (гл.)

Ние ќе старееме но таа љубов е нашиот пустиски цвет, на кои му требаат само неколку капки вода за да цвета.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ниедна наредна љубов нема да биде налик на тој порив на копнежи чии извор е божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојата љубов нема да избледе, нема да старее со годините.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само еднаш без страв го земав клучот, отклучив и влегов преку прагот во непознатиот свет и ја откчлучив тајната, невидливото беше видливо, болката се претвори во радост, меланхолијата се претвори во надеж, таму се раѓа животот, универзумот уште еднаш ме прегрна, краток миг кој се претвора во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Воведната реченица во Мажјачиштето изговорена од Маркел, оди вака: „Чинот на љубовта нема никакво значење бидејќи може да се изведува бескрајно”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Погодив дека твојата љубов нема корен, дека нејзините цветови полека умираат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
КЕВА: Ќе поминат тие маки, сине, ќе поминат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТОМЧЕ: Од љубовта нема поголема маѓија и мака...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Многу нешта се важни во живото, но сепак, од љубовта нема поважно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Збогум бедра мои, и снаго женска, вие веќе ни пород ни љубов нема да почувствувате.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Девери мои, рекла таа, не заради мене, туку заради мртвиот ви брат, помислете на чедото мое и не оставајте да умре од глад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)