љубов (имн.) - се (зам.)

А јас со голема љубопитност, силна желба и љубов се прибижував кон него - ПАРИЗ.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во случај на криза на бракот љубовта се претвора у психологија, филозофија и секако познавање јазик, а ако искочи некој швалер или швалерка у бракот, тогаш љубовта ти прераснуе у дипломатија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Може и нивната љубов се остварува само низ плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нивната љубов се наследуваше, во некоја непредвидлива меандра, на патот на нашите животи. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Последната со која летав на крилјата на љубовта се викаше, се викаше, се викаше Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очигледно не беше свесна дека љубовта се јавува во различни облици и нијанси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)