Љубовта или е проклета или е благословена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако е проклета ќе страдаме вечно, ќе гориме, ако е благословена ќе роди живот, убавина, радост, спокојство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не знам дали од љубов или за да умре тивко.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во себе тивко малку се плашеше дека можеби Петар ја заборавил, дека можеби има нова љубов или можеби веќе не живее во Битола.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Дали е ова љубов или ропство, тиранија, си велиш и ти е страв со некоја жена посрдечно да се поздравиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали сѐ уште од љубов или само од жал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа радосно чепка од носот, од животот, од римите: - Љубов или хемија, кај мормоните работат ли повеќе хормоните?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)