Секој може да ги оствари своите соништа и желби, секој може да го најде својот рај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа е сјајот во вашите очи, топлината во вашата душа, таа е светиот шепот и благослов, таа е божја убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Вистинската љубовта ќе ја дочека својата раскошна пролет, семето на верата е во нашите срца, тие се прекрасни опојни цветови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако го направеше тоа, наместо две бегства ќе имаше една прегратка, а љубовта ќе ја красеа рози.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој единствено се грижеше за продажбата на своето сребро, оти знаеше дека ако народот вистински ја прифати Радосната Вест, тие веќе нема да бидат ревносни купувачи на неговите сребрени идоли со ликот на Артемида, туку својата љубов ќе ја насочат кон Оној што се гледа со духовни, а не со телесни очи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И силно ќе ме гушнеш, со љубов ќе ме гледаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но веднаш додаде дека таа љубов ќе ја чини излегување од Партијата. Ја прашав дали е тоа превисока цена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Кога двајца ќе решат да создадат семејство треба да се познаваат, да има веќе љубов меѓу нив бидејќи таа љубов ќе им дава сила да ги истраат сите искушенија во иднината. Сѐ друго е осудено на пропаст!
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„.. За мрзеливиот и оној што се труди, За славните химни и сонети, За оној што љубов ќе понуди, За старите ковани монети, За оној што неправедно суди, За луѓето марионети, За констелациите чудни, За сладоледи во корнети...”
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Нагорничавиот пат по кој мораат да се искачуваат геј-мажите за да се здобијат со прифатеност и еднаквост е најстрмен кога минува низ подрачјето на еротското чувство и на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, во едно хомофобично општество, секаков израз на чувство побуден од геј-сексуална желба или љубов ќе се доживее како несоодветен, екстравагантен, валкан, гротескен, претеран, театрален – а, со тоа, како изведбен, а не како автентичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто мелодрамата, а не трагедијата, е естетската форма што ѝ е најподобна на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За геј-мажите, тогаш, задачата да го преведат чувството во општествен израз содржи невообичаено потешки предизвици кога чувството за кое станува збор е еротско.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ти, радост што носиш во едрата и бедрата, жалосна убавице, брезо во темнината... Не свенувај! Ти љубов си...љубов ќе се викаш.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Блаженството ќе се почуствува, вечната љубов ќе ја негуваме, вечно заедно ќе светиме – зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само љубовта ќе ги излечи твоите рани...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со каква љубов ќе се нурнеме во светот
знае ли некој, а сѐ е можно,
Сѐ Е, Ana, sorror?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ту љубовта ќе се јави, ту омразата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)