Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги сакам кујните дури и оние, што би рекол Хандке, во кои неверната жена вари мрсна супа за својот љубовник, во која љубовникот на неверната жена ја срка супата како да му е последно нешто што ќе го исрка во животот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А под „патот Јура-Париз” не се подразбираат два града во Франција; туку се мисли на јуре, или поротник (т.е оној кој донесува пресуда), и Парис, грчки антички јунак, како и јунак од една поема од Жариевата новела: Личен Парис, уништувач на мирот, Судија на Божиците, а пак љубовник на жени.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)