ќерка (имн.) - и (сврз.)

Само Ристе Куков истури неброени зборови на адресите на жените, ќерките и снаите на чорбаџиите и си киниса уште нерешено прашањето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само се чуди како се случило тоа, кои биле нештата што го довеле до тоа, некогаш умен и разборит човек, сосема, сосема да му се подведе на еден дошлак и да се отуѓи од ќерките и сопругата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. Не гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и ѝ се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ми тргна арно животот. Ми се родија три ќерки и по нив синовите Санде и Павле. Зедов и едно посвојче, Григур.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој гледаше во мене воодушевено; очите му сјаеја како на младич; му реков дека ме става во многу неудобна ситуација, и дека, ако некој помине и види дека среде пладне му го покажувам стомакот на некој непознат маж, ќе ме прогласи за луда; му реков дека имам ќерка и дека годините не ми се за адолесцентни забави под некакво дрво, но тој не попушташе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Разделувањето со децата трае долго, најпрво Пелагија ги гушка и рони солзи, по неа Чана ги стиска во својата голема прегратка, мајката Роса како да испраќаше од своите ќерки и липтежот не можеше збор да изусти, потоа другите се туркаа, сакаа макар да ги допрат и така преку тие допири чиниш се надеваат дека и тие ќе стигнат до својот корен, до некој свој предок, роднина.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше една ќерка и еден син, кон нив нè придодаде нас тримината: мене Пелагија, мојата сестра Добра и... Ленчето нејзино!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Изгледа таа го забележа моето изненадување и рече: - Ние сме просфиги...9 – и почна да нѐ води по патиштата што од Турција до Ревани, сега Дипотамија, пропешачија нејзините родители со двете ќерки и четирите синови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоевме пред тајниот оддел, кога брат ми ми кажа дека и самиот научил како се прави тоа, па почна детално да ми раскажува, а јас, замислувајќи како металот го потфаќа плодот, почувствував дека ми се лоши и повратив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас заминувам со петте ќерки и четирите сина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Околу нејзе се извишило сето семејство, синови, снаи, ќерки и зетовци, внуци.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)