Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Крчо Попов го расипа адетот. Ја пободиња малку одутрина кобилата на новиот нунко Димитрија од Бешиште, дојде дватрипати до Рожденкината порта — проти сите адети — и за малку што не јаде ќотек од Трајка Малов, кога рече ота сака да ја види невестата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)