џеб (имн.) - му (зам.)

Едните, на задното седиште на „сто-кецот“ на случајниот минувач, кому во џебот му шушнала една книжна што успеал да ја сокрие од дома и од децата, на брзина му го земаат умот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лежи покриен до половина, под раскопчаната пижама се гледа пожолтена волнена маица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, колку што прилегна, небаре надвор заборави нешто вредно, вјасавица стана и со зајачко потскокнување, чиниш џебовите му се полни јајца, излезе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Двајцата, господине, - птскокнувајќи на место рече Шишман, од што камчето во кутивчето во џебот му затропа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во рацете ништо не држи, на рамена ништо не носи, под мишките ништо нема, џебовите му се празни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се наведнува да ја дофати, а од џебот му испаѓа гумената фигурка на оџачар што колешката Вања му ја даде за среќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но и низ џебови му се гледа тресењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден момент забележав дека на човекот на соседната маса од џебот му ѕирка дршка од пиштол.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
При претресувањето на куќата и на алиштата негови, во џебовите му најдоа неважечки, окупаторски пари - исти онакви какви што се појавија во црквата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)