џелат (имн.) - и (сврз.)

Утрината царот по мене испрати џелат и судија (и отец Стефан со нив беше), оти не верувал царот во чудо, оти слаба му била душата властољубива за да разбере чуда и да поверува дека и невидливото постои, само што не се гледа, оти не мора нешто да се гледа за да постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На воденичарската заедница во Кукулино ѝ преостанало или да ја наведне главата пред зулумот или со тврдоглавост да зачекори кон нови страдања: најумниот или најисплашениот од преостанатите мажи се откажал од воденичарскиот занает, најтврдоглавиот го потерале сувариите до најблиската река и го распнале на гнил чарк за наводнување на недалечните ниви, цел еден ден да се врти под надгледување на двојна стража, со секој миг пред неговите очи да се сменуваат матното небо и разбранетата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)