Тој се прави како ништо да не го засега, а всушност сака да го заборават, да не се креваат на него нивните очи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но таа разјасни дека всушност сака уредувањето на гробот да биде под нејзина контрола.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Таа претчувствуваше дека Хелвиг всушност сака да ѝ каже оти ќе патуваат во друга држава.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Следејќи ја својата репутација на бунтовник до крај, тој стана единствената личност во „Градот на бесмртните ангели“ која всушност сака да умре.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Да ја создаваш историјата, да станеш нејзин дел, пишуваше во воведените страници на својот ракопис, значи да се стремиш и кон величина и траење, односно да гледаш на времето повисоко!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Истата година го препиша својот дневник додадавајќи 36 вињети распоредени по возрасти, од 2 до 12 години, и издаде каталог на своите детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Конечно, 1911. година, откри што всушност сака од „тие примитивни почетоци на уметноста”, кои самиот ги нарекуваше „цртање по несвесните импулси”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тетин ми испушти краток здив низ носот, како да негодува, но не го крена погледот од супата така што не сфатив што всушност сакал да каже.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во огледалото одеднаш го забележав и братучед ми облечен во пижами, а зад него се наѕираше ситното телце на Кристина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Преживуваше така што омразата кон своето постоење, кон оние нешта од животот кои ѝ беа поужасни и од непостоењето, ја делеше на две.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И дури многу подоцна, кога беше доцна за сѐ, ги сфатив тие зборови: изговарајќи ми ги мене, кажувајќи ги за моето постоење, таа всушност сакаше да си каже и на самата себе: “Ќе беше подобро да не се родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)