можеби (мод.) - знае (гл.)

Ми беше страв да не сум полудел, да не зборувам можеби повторно на глас, па го прашав Земанек дали можеби знае што сум помислил.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вплеткувањето на другиот, кого можеби веќе не смееме да го нарекуваме „читател”, е нужен иако секогаш неизвесен против-потпис. Тој секогаш мора да биде непретпоставлив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој човек што може да го носи името на кој и да било наш познајник можеби знае уште една тајна: Рубина Фаин под се почесто повторниот знак Post scriptum го пишува и потаму своето писмо до Едвард Жорес за судбината на малите земји и за луѓето во нив, оние луѓе на кои исто колку и на големите им припаѓа земјата и источниот изгрев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На пример, сите во домот знаеја дека нешто лошо ќе се случи со Аритон Јаковлески, некои можеби го знаеја токму и часот на несреќата, а можеби знаеја и некои други подробности, за местото и начинот на кои ќе си го одземе животот, но никој не наоѓаше за потребно ниту со мало прсте да помрдне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рајнер ги праша дали можеби знаат во која од куќичките живее жена по име Гертруда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ралфи продолжи да оди, но не верувам дека сакаше да избега. Мислам дека се предаде. Можеби знаеше против што се бориме.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби на некој вечно неодреден начин, се надеваме да привлечеме и други: поточно, да ги измислиме или да ги откриеме другите кои сѐ уште ги нема - но кои тоа веќе некако го знаат а можеби знаат и повеќе од нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш ништо не вели, но тој можеби знае колку да чека и каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно од децата покажа на куќарката зад чии прозорци, наместо завеси, беа спружени алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)