можеби (мод.) - ги (зам.)

Можеби ги менувам насоките, се мачам текот на мислата да го сосредоточам врз она што е бунт во мене, но, како и секогаш, мислата е многу потромава, побавна од зборовите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Маките и страдањата можеби ги прават луѓето да бидат похумани, да мислат и на другите, тоа се случуваше со мене во тие моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Грешиш пријателе, го прекина г.Лоран. Ова дрво, оваа грда мери, можеби ги задушувала другите растенија во некоја градина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Инаку зошто ќе служела саксијана во која сега гореа свеќите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или помеѓу зборовите на вака скудно изразеното незадоволство поради необмисленото однесување сепак беше содржана и премолчаната благодарност за љубовта што и ја беше понудил непознатиот војник на бел коњ, и убавите денови што можеби ги имаше поминато со него (за кои никогаш не беше спремна да раскажува); да не ја забораваме притоа и разочараноста која иако не беше најдитректно искажана веројатно навраќала во нејзините размисли шепотејќи и грдо и неутешно дека замаеноста од лудата среќа за жал премногу кусо трае?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го прашам Иван дали мајка му некогаш одгледувала цвеќиња. Можеби ги имало.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај таа никогаш отворено и со конкретни зборови немаше изразено незадоволство поради начинот на кој ја прифатила понудата од човекот на кого ни името не му го знаела.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот тажно наведна глава; можеби ги криеше солзите. - А јас сина си не го познав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И веќе навистина умирав осамен и заборавен на туѓа двоколка, едни можеби ги тргаа камењата од патот, други му помагаа на еден беден човек да се издолжи на јаже под ветка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нѐ бесат и самите се бесиме меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И да беше, на пример, заправо точно дека Афроамериканците себеси, главно, меѓу себе се определуваат според некакво свое сфаќање дека да се биде Црнец подразбира својствена, необична или изразена наклонетост кон пржено пиле, ребра и лубеница (да се послужам со примерот на Џон), мене, всушност, не би ми било страв да ги испитам културните значења што можеби ги има селективното присвојување на таа храна.88
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа сведочи за појавата на едно силно табу, на нешто што теоретичарот на правото Кенџи Јошино го нарекува „нов облик на дискриминација“ чија „цел се малцинските култури, а не луѓе што припаѓаат на некое малцинство“.86 Можеби ги цениме разновидноста и различноста, но се грчиме и од самата претстава дека малцинствата може да бидат културно различни.87
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без баш да ја помеша таа вредност со убавина, тој, сепак, ѝ дава значителна естетска вредност, опирајќи му се на секој начин на оценување што би инсистирало да се примени врз предметот построг, посериозен или посодржински склоп од надворешни стандарди, било морални, било естетски. ‌Камп-сензибилитетот така го оправдува „светот како естетска појава“ (нешто што Ниче сметал дека може да го прави само грчката трагедија или Вагнер).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го третира стилот како утопија сам по себе – колку и да е ужасен некој конкретен стил и колку и да се фрапантни општествените значења што можеби ги кодира во даден контекст.274 При тоа одбивање некој туѓ или надворешен вредносен поредок да ја деконцентрира од некоja естетска обземеност, па бил тој и поредок на напредни политички вредности или особено ако е таков, камп-културата се впушта во сопствен вид општествена критика, во сопствен вид бескомпромисна одбрана на фантазијата и на задоволството, а со тоа и во сопствен вид политички отпор (тоа е една од пораките на Пуиг во Бакнежот на жената пајак, исто како што е и една од пораките на Сартр во Сен Жене).275 И вкусот и невкусот имаат важни, иако различни, улоги во машкиот геј-естетизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Камп-вкусот ѝ го врти грбот на оската добро-лошо на обичниот естетски суд“, вели Зонтаг; „тоа е начин на вреднување – не суд“.273 Настрана сите естетски критериуми според кои може да се суди за таквиот предмет, камп-естетизмот ја поддржува формата – стилската кохерентност на еден целосно остварен стил – како вредност сама по себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ние не почнуваме да сфаќаме колку темелно оваа граѓа ни ја дотерува замислата за општествениот простор и за нашето (посакувано, претставено, стварно) место во него ако одбиваме да ги признаеме дамките што таквите душевни текови можеби ги оставиле во одреден примерок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Си велам исто така дека вие можеби знаете за овој автор, и можеби ги имате неговите книги; во тој случај ќе најдете некого кому да му ја подарите книгава што ви ја испраќам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ми пишувате Издавачот... ми предлага да барам друг издавач.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Но јас не сум историчарот во стихови на Палестина! Ниту сакам да бидам симбол. Не сакам да го носам тоа бреме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојата поезија можеби ги ублажува пресилните удари од историјата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби ги избегнувам тие што не ме сакаат Бидејќи полесно се снаоѓам со огнот на љубовта одошто со снегот на омразата
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби ги чуваат, ама јас нејќам...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама чудно дете си!“ вели тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)