можеби (мод.) - тие (зам.)

Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби тие студено го примаат ударот, одмавнуваат со рака, се им е едно, но ТОЈ не може да се помири, тој страда, зашто шахот не беше за него работа меѓу другите, преоден занес на младоста, ами позив на којшто свесно се управија сите негови не мали амбиции.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Веќе и дрвјата не спијат, си велам, а можеби тие се казнети никогаш да не спијат. Но зошто ние?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)