можеби (мод.) - девојка (имн.)

- А можеби девојката нешто друго сакала да ни каже, рекол Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исплашени од нешто, од дневен лов на лисици или од сенка на даб што им се доближила, неколку еребици пркнале со густ шум на брзите крилја, со цвркот го напуштиле ридот зад нив и се изгубиле во суводолица, во сува скрка на секакви камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби Братството сепак постои! Можеби девојката е дел од него!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден момент авторот имаше чувство дека го подувнало благо освежувачко ветре, кога, в час потоа, пред нив чекореше млада жена, можеби девојка, преку чии голи раменици стегнато стоеја две црни презрамки, во мини сукња, со нозе мили како прегратка и што понесуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)