Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А можеби се зборови, можеби плач, можеби сништа.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Можеби беше полноќ, можеби сонот веќе ме донесе до бреговите на нов ден, навистина можеби доаѓаше еден понеделеник-безделник, кога морничав крик удри врз нас со тежина на даб ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако не се лажам, тоа го сонував во недела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)