До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу:
Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Вие сте можеби првиот што тоа сте го кажале, но јас ќе ви раскажам нешто.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Лудилото настанало во исто време кога настанал и човечкиот род; можеби првиот човек, а тоа е оној кој прв рекол: “Јас”, искусил како тоа негово Јас се раскинува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш, во раното детство на човештвото, членовите на заедницата ги гледале оние кои биле поинакви онака како што се гледа во чудо за кое нема објаснување – како што се гледало во движењето на сонцето од едниот до другиот крај на небото, или како што се гледало во молскавицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клопчето волна се стркала од скутот на доктор Гете и падна на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Мора да сфатите дека лудите, каде и да се, се чувствуваат затвореници – можеби првиот чекор кон лудилото е чувството дека светот е затвор, светот со своите закони – не мислам само на општествените, туку и на природните - е доживеан како затвор; оттаму можеби потекнуваат и креациите на сопствени светови, со свои законитости, но чувството на заробеност останува вечно.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеби првите Мајкини гени го започнале своето патување од далечната Персија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)