Која е таа сенка од сите наоколу што ја избрала, кој е тој што го пуштила да ја дели сенката со неа? Или е можеби сама?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Па, можеби самото тоа е некој вид потресеност?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Можеби самите Срби на него ќе ги засновуваат своите шовинистички претензии на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Судбината на Бургиба можеби сама по себе не би зазела посебно место во овие записи за минатите дипломатски години во Тунис и во Франција, доколку не се работеше за една од централните харизматични личности во светот кои на посебен начин го обележаа минатиот век, епохата на борбата на колонијализмот и неговиот пад.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби самиот измислуваше. Но тој сето тоа го виде низ цепотината на иконата, брзо, во миг, и се исплаши, ја стисна иконата врз гради, падна на коленици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А ако, како што некаде е речено, клучот за благо е можеби самото благо, тогаш... Добро.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Излезе како што ми рекоа: да го носев, можеби самата ќе се застрелав...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На Петра ѝ се стиснуваше срцето од болка и од мислата дека можеби сама ќе ги враќа овие пилиштарци во Македонијана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)