И така чекајќи полека ќе ми препукне душата како огномет... и ќе се распрсне дел по дел од мене... и ти не ќе можеш да ја најдеш... ќе те сеќаваат само минатите времиња... и ќе се научиш да се движиш по лизгава улица... по која и јас еднаш чекорев.. можеби тогаш ќе ти бидам најпотребна , но ќе ме нема...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Кога ќе ја слушаш исповетта на твоето срце дека го убиваат болка и мака, тогаш, можеби тогаш, ќе допре до тебе гласот на моето срце дека сеуште те сака.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Идната ноќ ќе ги стави и куклата и мечето кај себе, и можеби тогаш кога ќе заспие, куклата пак шепнешкум ќе ѝ раскажува за чудното полноќно патување, и за златната лулка сплетена од зраците на Месечината.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А, можеби и никогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не плачев. Беше малку да се плаче за нешто толку големо колку што е заминувањето на Мила.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Попладнето дознав: Мила починала утрото, можеби тогаш кога за неа разговаравме со Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Можеби некогаш другпат, кога мене ќе ми се пристори дека е време, можеби тогаш ќе ѝ раскажам за него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А можеби тогаш првпат се појави, вели, за да ја реши мојата недоумица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можеби тогаш сосема ќе исчезнат и неправдата, и лагата, и неразумноста“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нели, умно! Ќе молчи, ќе молчи, ќе јава долго на оној негов црн коњ, и наеднаш еве го, се враќа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)