Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)