На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Одредницата народност претпоставуваше дека поради другата татковина, односно држава на која би требало да припаѓам, моите права во Југославија, всушност, беа до одреден степен ограничени во споредба со домородците, а и меѓу нив постоеше хиерархија во владеењето според бројната припадност на народите, кои ја создадоа првин државата на Србите, Хрватите и Словенците, Југославија, (со отворени и латентни антагонизми и анимозитети меѓу нив, кои особено се разгоруваа во критични времиња на Балканот и во Европа), па потоа таа се разбира во фашистички држави, врз строго етничко-национална чистота, за повторно да се обединат во антифашистичката коалиција и да ја пресоздадат новата федерација Југославија, во чиј состав влегуваа народите (Србите, Хрватите, Словенците, Македонците), потоа народностите (Албанците, Унгарците, Турците, Италијанците и другите), меѓу нив би можеле да се сместат босанските Муслимани (всушност конвертирани Срби и Хрвати).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- И затоа, - се надоврза Татко - во двете монотеистички религии на Балканот, кај луѓето, при промената на Бога, преовладувало чувството дека ја загубиле и старата татковина, односно држава, останувајќи неприфатени и од новата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)