Тие услови се следниве: (1) да е запишан во регистарот на синдикати кој го води МТСП; (2) во него да чле- нуваат најмалку 10% (1/10) од вкупниот број на вработените во РМ кои плаќаат членарина на синдикатот; (3) да здружува најмалку три синдикати на национално ниво од различни гранки, односно оддели, кои се запишани во регистарот на синдикати кој се води во МТСП; (4) да дејствува на национално ниво и да има регистрирани членки во најмалку 1/5 од општините; (5) да дејствува во согласност со својот статут и демократските принципи и (6) во него да членуваат синди- кати кои потпишале или пристапиле на најмалку три колективни до- говори на ниво на гранка, односно оддел (чл. 34, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
• со третиот член се предвиде општите колективни договори да се усогласат со одредбите од овој закон – во рок од шест месеци од денот на неговото влегување во сила; а колективните договори на ниво на гранка, односно оддел и колективните договори со работодавач се усогласуваат во рок од шест месеци од потпишувањето на општите колективни договори (чл. 47, ЗИДЗРО/окт.09); и
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дополнително беше утврдено дека доколку во случаите утврдени со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел или на ниво на работодавач, работникот не го подобри своето работење во временскиот 40 рок утврден во предупредувањето дадено од работодавачот, ќе може да му биде откажан договорот за вработување поради лични причини на страна на работникот (чл. 16 од ЗИДЗРО/фев.13). 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)