Паралелно на ова, најекстремен облик на воајеризам во Ворхоловото дело (па и во филмот воопшто) е способноста на машината (механичкото око) постојано и неподвижно да фиксира еден објект осум часа (творецот, односно гледачот на филмот Empire е монструм што ужасно долго без прекин yвери во една зграда).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Втор дел - Естетика Редукција на филмскиот јазик, минимализам и Empire Кога станува збор за Ворхоловите рани филмови, може да се зборува за отсуство на конститутивните елементи на филмскиот јазик, како што се глумата, монтажата и тонот, односно поместување на сфаќањето на овие поими од нивното конвенционално значење, и пренесување на тежиштето на други прашања од филмската теорија и пракса.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)