Но тогаш и претсказанието, во врска со бојот помеѓу орлите и штрковите, односно неговото толкување, сосема се изврти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Камилски не можеше да верува дека бројот на позајмените прилози од турскиот јазик може да биде толку голем, макар што нивниот број во употребата постојано се намалува во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така во еден период при посетата на бродот Галеб во туниското пристаниште близу Ла Гулет, каде што беше пренесена статуата на Хабиб Бургиба на бел коњ, донесена од центарот на градот, по падот на бургибизмот, а некогаш донесена во Тунис токму со бродот Галеб, како дар од југословенскиот пријател Тито, станував и самиот дел на една процесија на мртвиот владетел, чија исчезната реалност, сакаше да се оживее, да продолжи во времето како нова илузија...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Точната природа, односно неговото место во култот и легендата остануваат непознати. (Еncyclopedia Britannica) Господинот Серафим Гроздановски не виде никаков знак во тоа што истиот ден кога го доби најновото издание на Еncyclopedia Britannica, му се појави и куцотницата во горниот дел на десната нога.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Започна, на свој начин, да го интерпретира и да го замислува нивниот сон според кој, доколку се комбинираат до бескрај една завршена, одредена серија од букви, односно знаците на една книга, би можело, еден ден, да се открие името на Бога, односно неговата тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Работодавецот е должен, при вршењето на инспекцискиот надзор, да го предупреди инспекторот за тоа што се смета во прописите, односно неговите акти за државна, воена, службена и деловна тајна (чл. 15, ЗИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Барањето работникот може да го поднесе писмено или да го изјави усмено пред инспекторот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторот е должен, на подносителот на барањето, да му достави писмено известување за утврдената сос тојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)