Се чувствува овде горчината на онаа западна имагологија која Балканот го гледа како нешто Друго, неевропско, како темно место и слепо црево на европските култури, онаа целосно погрешна претстава за имагинарниот Балкан (Марија Тодорова), која него го сатанизира, иако според интелектуалните достигнувања тој ист Балкан е папокот на светот, врска меѓу Исток и Запад, копчето на светот (Ферид Мухиќ).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Само во тоа можеш да се однесуваш како сите други и пак да тврдиш дека сѐ си правел на свој начин.316
Романтичната геј-љубов може да личи на нешто општествено уште побунтовно наместо нешто општествено пропишано, па затоа геј-мажите можеби се склони да им припишуваат на своите љубовни врски некој опасен и претеран степен на емотивна вистинитост, на лична автентичност.317 А со тоа се ризикува да им се внесе на тие врски полнеж и нееластичност што знаат да бидат задушни, додека си во нив, што, пак, потоа прави да биде потешко да се избега од нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Слично, општествениот подбив што ги следи тие врски може да ги натера геј-луѓето да почувствуваат особен притисок да ја истакнуваат нивната природност, односно нивната неволевост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа може да направи геј-љубовните врски да изгледаат уште понеизбежни.
Машката геј-култура, затоа, морала да смисли низа лекови против романтичните јадови на кои им е подложна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Обратно, пак, вљубувањето е најоригиналниот и најспонтаниот начин на потчинување, можеби единствениот начин на потчинување на општествените заповеди кој никогаш не те прави да личиш на конформист.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во поглед на правата од работен однос, односно нивната т.н. секундарна (судска) заштита, проблематиката е регулирана со Законот за парничната постапка (2005) 1 – којшто е изменет и дополнет во два наврата (2008 и 2009), 2 a се подготвува и неговата трета измена.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Странките во спорот се должни да го известат судот за донесувањето на решението – ако судската постапка, претходно, била прекината (чл. 36, ЗМРРС). б) Законот за парнична постапка Во поглед на правата од работен однос, односно нивната т.н. секундарна [судска] заштита, проблематиката е регулирана со Законот за парничната постапка (2005) 15 – којшто досега е изме- нет и дополнет во три наврати [2008, 2009 и 2010] од кои само во последниот случај се воведе малa корекција во овој посебен вид парнична постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, само да потсетиме дека овде говориме за периодот кога сѐ уште релативно добро се живееше и условите за работа на работниците беа добри, а кршењето работнички права беше поретко и затоа луѓето мислеа дека ним не им е потребен синдикат.2 Познато е дека ССМ, главно, се финансира од уплатата на членарината од страна на своите членови-синдикалци.3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со овој процес на намалување на членството пропорционално почна да се намалуваат и приходите од членарината, а со тоа и платите на вработените – односно нивната редовна исплата почна да станува проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35, ЗМРРС). 14 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)