Тие, сообраќајниците, откако ќе претрчаат преку Црна и кај Тројкрсти, селото лежи на бреговите на реката, веднаш западно од мостот што ја премостува, односно Битолско Џаде нешто понајуг од Тополчани, кое, пак, лежи на подножјата на надворешните падини на Градишки Рид, односно веднаш под Чауле и под Топла Вода, од која, најверојатно, и го добило името, се крстосуваат кај Лознани за одново да се пристасаат во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)