Остареа тројцата попови — поп Трајко, поп Стево и поп Димитрија, и селаните се загрижија дека еден ден можат да останат без свој душебрижник!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Народ без свој Национален Водач е „понижен”, го загубил достоинството (и слични „звучни баналности”, Кавафи).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Татко беше изненаден од ова неочекувано прашање на Камилски, па откако малку размисли, забавувајќи го чекорењето, рече: Тогаш човекот би останал без својата длабина!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Беа пијани, разграштени - едниот во темна фанела, без своето темнозелено палто. Сега беа пријатели.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Без својата глава трча човекот, па и главата се чуди со него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како да тргне? Каде со него? Без свои средства за живот?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чана насетува дека на Добра ѝ е тешко што е одвоена од нив, а уште потешко ѝ е што е без својата сестра Пелагија, која иако помала, за неа беше вистинска закрила.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тој не шетал по странското без своја насока и без свој правец и не земал било што и од било каде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Му префрлуваше на починатиот Татко, со тивок, речиси нечуен глас во тажачките, што и тој не ја зел со себе, за да не го живее остатокот од животот без своите чеда.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)