По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
— А за невестата Неда, лесна работа, има време, ќе се видите — се нашакува Митре, знаејќи ја слабата страна на Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никој нема да рече оти од немање, завал, не изнесоа тепциа на синиата, токо ќе речат: „море таа болката Стојова ќе а волеса ни за в телци ни за в говеда, та не направила".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ама гледај, да не а цапнеш некоа ни за в телци, ни за в говеда! — го предупредува Илија Толета, плашејќи се од неизделканоста негова и од бујната природа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)