Зар пак да те вида во таа ѓупцките? Ни вечер, ни утре, ни в година, ни дури су жив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Една, една нека биде. По неа в година ќе дојде друга, трета и така народот ќе се пробудуа по троа, по троа. Ногу убаво си намислила.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На есен, в година пак ќе јадиш ошче повеќе ќотек.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Доцна е, предоцна за тоа пријателу мој, јас твоја сум, за тебе се венчав, в година ...невеста сум!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- СОНЦЕ ЛЕ, ЗЛАТНО и в година со здравје да нè позлатиш! На помош да се - ГОСПОД и БОГОРОДИЧИЦА! ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И кој да ги убеди дека луѓето што се делат едни против други на крајот остануваат и без гаќи и без татковина?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
В година тие ќе ја посетат Тоскана и на Галилеј ќе му однесат сувенири од Галилеја – неколку параболи од светиот апостол Марко, вакцина против лепра и се разбира еден малечок стаклен глобус.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Мора да ги усвојувате сите организациони работи“ напомена претседателот Томе - „в година ние ќе си заминеме во средно, а вие ќе сте осмо, па ќе треба и да раководите, и да работите, и да оспособувате подмладок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Не е било то одавна у нас, в Б'лгарија, било е в година, моми, петдесет и седма, кат притурим ошт'г хиљада и ос'м стотини.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)