Мајка ми уште в мугри беше на нога. Си имаше ред, создаван со години.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но, око не склопив… В мугри појдов кон блиската македонско-албанска граница. Караулата беше на неколку стотини метри.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Седевме боси пред белите крстови на времето А топлите воздишки на морето итаа... бистро итаа како кристални алги на водата Сини ангели се будеа в мугри од дното на празнината а ние чекавме - чекавме пловидбата да биде лесна и беспределна.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Минаа ден-два. Скришум, рано, в мугри, Мајка доаѓаше до јорговановото стебленце, да провери дали фатило корен. Не можеше сѐ уште да утврди.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)