- Лесно ти е така да зборуваш, тебе не те интересира ништо друго освен твоите прошетки со пензионерите в парк, картите што ги редиш, и спиењето. Затоа не се жалиш.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)