в (предл.) - скут (имн.)

Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не се излажа; само што стигна на нивата, од кај селото се зададоа на коњи шесмината вооружени Турци, а пред нив, со пушката в скут, јаваше Мусли бег. кога стигнаа Турците на само дваесетина метри од жетварите, Дамче, откако им даде знак со рака на своите да бидат мирни но и на штрек, сам се испречи пред Турците, викна: Се лутиш, Мусли бег, су ти го удрил внукот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Нерамномерното движење за навлаката на автобусот ми го донесе најзиниот задник в скут. Полека- полека ѝ се залепив за задникот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дијагонален зрак, имав обичај без некоја посебна причина да помислам, дијагонален зрак, а потоа: Агна, спиеш ли?, ќе ѝ речев, за таа да се разбуди и така мека и топла да ми седне в скут, да ме прегрне со десната рака околу вратот, и да се загледа во сонцето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ме зеде в скут, в седело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште настојува да ме седне в скут, што се вели, да се осигура од кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со софтверот што го развива Futique, ќе го оспособиме детето од четиринаесет години, додека цело семејство седи и гледа вести, да ја употреби својата ракавица и - еве го одеднаш Џорџ Буш и - ох, влегува Мерилин Монро, и, гледај. му седнува на Џорџ Буш в скут и му вели: „Ајде, дојди, Џорџ, слушај...“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Натаму каде и воопшто зошто штом таткото не го израснал синот дедото внукот штом не го зел в скут и сѐ одново мора да почне од ништо.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Златните дамки на лицето имале свои коренчиња под клепките, тоа можело да се види по необичниот сјај во очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нигде немам сретнато попогано муце од твоето“, го милуваше татко ти кога ќе го земеше мачорот в скут.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Шкорпија -елегија- Живот-инка што не би ја зел никој в скут да ја гали гал-гал, гуш-гуш.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Сега, клајте си ги главите в скут и поштете се од гниди, вели Доксим Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)