Се насмевна в сон. Ги гледаше облаците што пловеа по егејското небо.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ни ја нема гитарата што збрани нѐ држеше дур сестра нѐ натера в сон, а ветерот низ паркчето облеано `ржеше како одврзан, запенет коњ.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Дури и да го гледаше в очи, преку нејзините очи постоеше некоја мрена како кај животните кога тонат в сон.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како да се скаменуваа в сон од плискањето на реката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
В сон ме проголнува некој црн ветер, В крв мисе насели `ржење на гладна глутница низ снегот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги склопив очите. И пред да потонам в сон, знаев дека на челото ќе ми остане длабок белег од срча на скршената ламба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)