в (предл.) - стапица (имн.)

18. КАКО КОСТЕН ВО ПУЗА ОД МАКА ЌЕ ПУКНЕ - но ако е тој некаков таков костен шуплив би ја пафнал маката со пепелта да штукне и на жар печејќи се ќе фати кори дупли... лисицата и в стапица пак кокошка гледа!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
— „Еднаш лисицата влезе в стапица, ошче еднаш, ти да си жив!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Или можеби паднал веќе в стапица како и тој еднаш што беше уловен во тој сив фак?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ха, кучкин сине, ми падна в стапица! - свика полјакот и се впушти со рачката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)