А не така, бам в чело или в гради или тело ти разнесе граната или оган те изгоре што паѓа од небо и си отиде со пламенот, со чадот, со ветерот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Застанав над неа, ѝ намигнав, а таа одвај најде сила да се насмевне... Ја бакнав в чело...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Го фати за глава, го баци во двата образа и в чело. Го повтори тоа и со Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Ти си единствената жена на која ѝ го имам кажано она што таа очекува да го чуе од мажот што го сака,“ ѝ реков.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Пред тебе не е Ема полицајката. Пред тебе е само гласот на жената што ја измами,“ ми зборуваше тивко но отсечно, со зборови кои ме удираа в чело и јас крвавев седнат на подот во аголот на големата соба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја бакна в чело и виде скаменет Божјиот знак одново како исчезна во небесата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Мирна, а силна смрт беше тоа. што е за мене најчудно, единствен покојникот кој не се плашев да го бакнам в чело.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Облаците се разбија а нив сонцето ги биеше в чело и ги заморуваше. Тешко се качуваа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Крсте Мангов беше погоден в чело.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И во неделата пред да се пренесат пљачките на Пелагија во подареното одајче, речиси во последните сончеви есенски денови кога зајдисонцата просторот го претвораат во надреален пејсаж, таа го изложи својот живот пред неа без ништо да скрие, го разголи до толку многу што можеше да се чуе како пука голата кожа и шурнуваат безброј бразди крв. Ѝ кажа за силувањето во селото на денот на Богородица, дека едно војниче од мајка родено, не сакал да ја расипе, ама затоа пак добил куршум в чело.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
– Да им тргнам по еден пиштол в чело? – беше првата мисла, но му се виде блага казната според престапите на осудените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Постоја доживувајќи длабока почит за саканиот и почитуван татко и потем се наведна, го бакна в чело и седна крај него да бдее. (Март 1984)
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Затоа што и тој не ми го врати кучето, туку „Тинк!“, без да му мисли многу, му го удри куршумот в чело.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Нежно ја бакна в чело. Таа беше во полусон.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ќе ми дојде некого да го бацам в чело а веднаш потоа ќе ми дојде да го плукнам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)