Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Така посматрана, „културата“ не е нешто што нужно се врзува за хуманистичките дисциплини, па според тоа менаџерот во банка и цариникот во подеднаква мера се културни луѓе (...) Во краен случај, културата претставува поседување на знаења во секоја смисла (...) Во демократските аспекти, ова дава аргумент за дифузија на културата меѓу пониските општествени слоеви.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тие пари обично ги ставаше на одделна сметка во банката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во банка посегнуваш по паричникот во внатрешниот џеб од сакото – сите легнуваат на патос.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во банката кај што работеше.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Чекајќи го тоа време, еве поминаа две децении, а јас не успеав да накалапам пари како листови од тутун, мазни и со исправени рабови и наредени по вредност и големина како за уплата на дневен пазар во банка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во Белград се најдов со еден од селава наши, работеше со мајстори, и тој ми рече: „Ако носиш нешто од пари дај си ги овде в банка“.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
После се премислив, ами таква тежина носев довде за да не му однесам на татка да се зарадува; за така можев да ги оставам таму в банка — кај што си беа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Беше шалтерски службеник во банката, каде тој ги чуваше своите пари.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И тие што ѝ беа на книшка во банка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)