Зарем и јас самата почитуваната spec. не е таа вода, што се прелева од неспокојство во бес, од бес во рамнодушност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Професорот Роберт седна, црвен од збунетоста која преоѓаше во бес.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Браво: За да останам со вас, ме натера, мене најнежниот, да живеам згрчен, да живеам како херој, да живеам како господин, да живеам сосема сам, да живеам исправено, да живеам во бес, и без приговор.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа се само годините поминати во бес и гнев, заради неостварените мечти.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Барајќи ја својата смрт, тие всушност уште два дена ги продолжиле атентатите, уште два дена го држеле во ужасна напнатост целиот град и уште два дена ги потсетувале беспомошните и фрлени и во бес власти дека се тука.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа беше момент на несигурност, сѐ дури да проговори неговата повреденост во бес на маж одбиен по толку мисли и тајни надежи, одбиен од жената која му е в куќа, чиј кревет е еве тука, од жената за која мислеше дека барем донекаде ја подвластил.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Арсо Арнаутче се исправил со јатаган в рака и во бес ја џапнал крпата од око.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се ревело од неколку страни. Денот како да се повлекувал од боиштето по неколку повторени крици на еден или на повеќемина ранети.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)