Според Енциклопедијата Колумбија: „Историчарите со векови расправаа за неговата вештина на морепловец, но неодамна беше докажано дека Колумбо бил ненадминат во вештината на приближно одредување на положбата на бродот на картата и во пронаоѓањето на патишта низ непознатите мориња”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да ја провериме оваа претпоставка со разгледувањето на значајот на огнот во алхемиската доктрина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Огнот има иста посредничка улога во вештината како и Меркур и солта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Истрајни се, умни, лукави и наполно упатени во вештините нужни за извршување на нивните задолженија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Колумбо, од друга страна, бил мошне неуспешен управувач со откриените колонии.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќе влезат во вештина на чад и низ клучалката доколку не им отворам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)