во (предл.) - врева (имн.)

Почна да зборува, со истиот безизразен глас како и порано, речиси без мрдање на усните, со одвај чуен мрмор што лесно се губеше во вревата од гласовите и татнежот на камионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа тоа само неколку зборови на охрабрување, од оној вид зборови што се изговараат во вревата на битката, поединечно нејасни, но кои ја враќаат довербата со самиот факт што се изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон посебно го иритираше тоа што во вревата од гласови одвај можеше да чуе што кажува Парсонс и затоа мораше постојано да бара да му бидат повторени некои глупави детали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мигум останав осамен во вревата на поздравите, лажниот хор од среќа и надежи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без помошта на разговорот на масата, на кој секој момент можеш да се потпреш како на патерица, колку и да се претворил разговорот во врева, или уште подобро така.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Постојано бегав од него, во градот Тунис, во вревата на животот, во неизвесното зовриено дипломатско време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше малкуто време што ми остануваше да бидам со морето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека тој во вревата и бесот на политиката и војната произведува историја, таа му пружа логистичка поддршка од заднина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со три и три наизменично, малата, лагуна, живна; Одисеј, ракави, одмори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нора вели дека заспива со светло, во врева, меѓу итните извештаи од сестра ѝ полусоблечена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)