Јас издржав, но брат ми се помоча в гаќи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да ѝ купам на Зора леблебија, да ѝ се бутнам во гаќи.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Еднаш месечно Милан го бањаше со сапун во кадата, и тогаш Тито доаѓаше на време за да ужива во ритуалот, иако со наводенетото крзно, кое му беше залижано на розовата кожа, личеше на голем црв и беше соблечен од гордоста, исто како воените генерали кога беа облечени во гаќи за капење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во пантолоните почувствува влажно, непријатно студенило од кое се плашев да се помрднам зашто како да гледав као спермата во гаќите гнасно ми се размачкува.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Потоа држејќи се за раце, рипнавте по креветот и ти често така скокајќи ќе се измочкаше в гаќи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Иако дес’т-годишан, се измочал во гаќи.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
БОРИС: Се шуткам како прдеж во гаќи. Тоа ми останало.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тропнав, отворија врата, ми ја зедоа лажицата, почнаа да ме удираат по глава и да викаат: „Ти си таа што моча во гаќи, ти си таа што моча во гаќи?“
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Одат издрпани по светот, а во гаќите сошиен чек на милион долари. На годишен одмор е?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
РАЈНА: Какви се овие муабети, лежење во кревет, гледање во таван цел ден, ракии, не си измиена два месеца, уште да мочаш во гаќи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Онака како што мајка ми ме одучи да мочам во гаќи.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тоа е одвратен грч. (стр. 327-336) Затворен така во дупката, испружен долж плочките, се тресев уште долго, се удирав насекаде...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можам веќе!... Дупката од газот ми се грчи... Серам во гаќи...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не престанува веќе да се превиткува и да се собира...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Посолени како риба на суво, а на суво животот не е баш масовна појава.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Живее од гаќи во гаќи, од шлиц во шлиц, од рака во рака.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)