во (предл.) - гимназија (имн.)

Јас бев трета година во гимназија и професорите настојуваа да останам, барем да ја завршам гимназијата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мене ме испратија во гимназија во Сентеш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога јас одев во гимназија мајка ми беше строг родител.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ние не сакавме да чуеме за тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во Интернатот и во гимназијата ми беше убаво и го живеев истиот живот како и унгарските девојчиња.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој беше во гимназијата одговорен по работата на литерарната дружина и надзирател на ученичкиот лист „Полет” што излегуваше повремено на два табака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Други книги тој скоро и не читаше, во однос на убавата литература се задоволуваше со неколку рецитации, научени во гимназијата, но кои уште за чудо добро ги паметеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Бубај, кога не учеше латински во гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури, јас и Земанек сонувавме да направиме некаков џез-состав: тој одлично свиреше пијано, а јас саксофон; имаше во гимназијата и едно момче што одлично свиреше контрабас и ние планиравме со него да направиме трио.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Одиш ли в гимназија, те прашав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Одиш ли в гимназија? ме праша и млитаво извади од шарена хартија парче млечна чоколада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента и јас ја напуштив болницата за да се вратам назад - во улицата, во куќата, во гимназијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не ми се оди веќе во гимназијата, се пофалив и се зачудив на неочекуваната смела решеност со која му се доверував на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа кога ќе одиш во гимназија, нема да бидеме заедно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко ниеднаш не чувствуваше дека му недостасува нешто, кога имаше една таква жена, како Мара, еден таков син, кој на крајот од секоја завршена година во гимназијата во градот носи сведоштва со одлични оценки и по некоја книга награда, но Мара ниеднаш не се ослободи од сенката на таа тага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Децата од „практични“ причини и за добра организација, а и за да не кршам атер некому и никому, учат во различни училишта, ама сите попат: од Бутел, преку Зајчев рид, во Карпош, во гимназијата „Орце Николов“, па во „Пролеќе“, во училиштето „11 Октомври“ и на крај малото, на Водно, во градинката „Кочо Рацин“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во следните белешки се открива дека сум им напишал писмо на моите во Гаково, дека сум се отпишал од учителска школа и сум се запишал во гимназијата Цветан Димов и дека сум кај Нанчо.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оти исполнет ќефот на татко што не останав во учителска, туку се префрлив во гимназија, а преку гимназијата ме гледаше како лекар, понекогаш, кога пивнуваше тој ракија ме нудеше и мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оние со полуматура веќе одеа во гимназија или во учителска, како што е детено на берберот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Желба на татко беше да продолжам во гимназија, а не да станувам учител, по гимназијата, се разбира, лекар.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Рацете ми се здрвуваат додека стигнам во гимназијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во гимназијата Цветан Димов сега засега сме петмина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Есента пак се отвори училиштето и Крле разбра дека Стојан Жиовчев, Трајко Мидмов, Трајко Јанов, Божин Попов и други свршени ученици од IV одделение и I клас ќе одат во гимназија во Прилеп, каде што се отворил пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во шега ни велеше дека овие училишта, а подоцна и факултети, за разлика од другите, мислејќи на јазичните смерови во гимназиите, на филолошките и на историско-философските факултети, го заобиколуваат затворот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јас бев првиот што излегував од кругот на незадол­жи­телната Таткова стратегија и, наместо во средно стру­чно училиште, го продолжив школувањето во гимназијата која беше на стотина чекори од нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Јас учев германски во гимназија, и оттогаш немав можност да го практикувам овој јазик, а тоа што ми останало од него се неколку поетски фрагменти научени наизуст: Denn ach! mich trennt das Meer von den Geliebten, Und an dem Ufer ѕtеhiсh lange Tage Das Land der Griechen mit der Seele suchend. Goethe (Iphigenie auf Tauris) Wir haben lngѕt das Paradies verloren, und neue liegt in uns. Hermann Hesse Nach ist es: nur renden lauter alle springenden Brunnen, und auch meine Seele ist ein springender Brunnen. Nietzsche (Also sprach Zarathustra) etc., etc., Значи, се разбира, овој вид на текстови, не ме прави подготвена за читање написи за ситуацијата во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јаimе certains livres, сеѕt tout. Alors, que vaut mon avis? Et en quoi peut-il vous servir? Je ne connais pas le monde de lditiоn. En rаlit, depuis quelque temps, et cause de vous, je tсhе par les mdiаѕ de minfоrmеr un peu mieux: et une fois de plus je vous dirai que ce que je dсоuvrе me remplit assez souvent de consternation. Vous me demandez si Claude Durand a rроndu ma lettre. Non, et pour cause; je lui avais сrit sans donner mon adresse car јtаiѕ ѕrе quil ne me rроndrаit pas ou que, ѕil le faisait, il se contenterait de rрtеr ce quil vous avait dј dit. Et si (par un miracle auquel je ne croyais gurе) cette lettre faisait la moindre impression sur lui, il me semblait que сеѕt vous quil devrait сrirе рuiѕquil vous соnnаt, et non moi qui suis pour lui une parfaite inconnue. Comme je vous lаi dit, votre dernier fax mеѕt parvenu incomplet, mais јаi pu quand mmе y lire que vous me proposez de mеnvоуеr des articles en allemand.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, како што е нормално, професорот ја препозна лагата, па ме укори пред сите ученици што тој ден заедно со мене полагаа испит за прием во гимназија.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И покрај промените во гимназијата, мојата преокупација е зградата во која живеам, а и самата населба.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Цела година откако е во гимназија, јас од ум не ја симнувам мојата најважна задача.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога се враќа навечер од излегување со другарите, неизоставно наоѓам начин да го прегрнам и да го бакнам, истовремено мирисајќи дали ќе почуствувам нешто. Никогаш ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кој му е крив ако има проблеми во гимназијата?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми е јасно, како можеше да виде “скроз” одличен до осмо, а во гимназија не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој ми вели, почекај малку, ќе видиш како е во гимназија, мислиш тоа ти е основно школо, ама јас знам дека школо си е школо и ако учиш-ќе научиш, ако не-на крајот ќе се види.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)