Децениите што новите песни ги делат од првите, свесно и како творечки поттик и постапка ги искажуваат своите поетички разлики и во јазикот и во ликовните и звуковни својства, и во версификацијата и структурата на песните и во градбата на реквиумот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Ќерпичот, при заземањето на Балканот, како и при другите освојувања, Турците го носеле со придобиеното искуство од Арапите во градбите приспособени на климатските услови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Маргина 34 37 Од полјаната сега немаше ништо - сета ледина, од тревата и боцките до земјата и камењата, беше скалапена во градби: Средно уметничко училиште, Детска градинка, Општинска поликлиника, повеќекратни живеалишта.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Така, секоја приквечерина, откако ќе си починеше дома по скитањето в град, тој го преполуваше пагурчето - седнат на мало столче под стреата пред влезот и загледан во градбите што растеа како тополи околу нив.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Лекарот си отиде, а ние се вдадовме во градба.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еден од адутите во мојата дипломатска мисија во билатералните односи на Југославија со Тунис беше како да се задржи Хидротехника, специјализирана во изградба на песочни брани, по две децении успешен настап во градбата на најзначајните песочни колинарни брани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја пробија пред една година и се уште е во градба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Надвор од градот, во широката рамница завршува асфалтираната улица и знак дека патот е во градба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од Превалот, прудолу кон Преспа, патот води по бројни остри кривини и се исправува дури пред раскрсницата што е во градба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На падините на планината Бела Вода, над патот, хотели во градба.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Цветан Горски со внимание го слушаше секретарот, кој продолжи: - Новиот човек ќе се кали само во градба на големи, гигантски објекти!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)