Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лизгајќи се по рамото како по крлушки, и по мекотата на попрсјето, тој ја осети дрочната икра што трепереше во гроздови, полна густа медовина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не слушнавме чкрапнување, ама го слушаме како вика Не пукна! и го врти во нас, во гроздот на прозорецот, го влечи чкрапецот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)