Ги фаќаше тој во грстови, ги заграбуваше, па пушташе среброто да му тече низ прсти како вода.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ме фаќаше тага. Понекогаш одев со ѓумчето и му потурував вода во грстот за да си фрли на лицето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Прогонет сум во себе Од себе Од пепелта на огништето Што цел век го носам во грст Надежи, о, надежи Во самица Додека сум сам Во зора заѕидан од четири страни.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
А на асфалтот блескоти сонцето, заробено во грст вода, единствениот траг од облакот што помина утринава.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)