Никој повеќе не се осмелува да има доверба во сопруга, или во дете, или во пријател.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога Богдан го чу силното викање, стрчна, се втурна во децата и почна да ги удира со тупаници, со клоци, со стап; посилните и посмелите што му се противставуваа, ги одвојуваше настрана како овци од стадо, ги сопињаше, ги кутнуваше наземи и ги газеше не давајќи им да станат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И само да кажам, дека пораснаа во деца за пример... а баба Марија?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не веруваа сосем во детето и коњот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Е, ова чудо сосем ме истрезни. Е, ајде и тоа чудо да се стори. (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Еве да ти се заколнам во децата.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А мојата крв... славјанската во детето, каде е, кај отиде?...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кузман гледаше во децата некое време потоа предложи да ги опколиме и да ги нападнеме од двете страни на улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тројцата останале во сеќавањето на луѓето и во ноќните прикаски како набожни проказници од нова балканска Библија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јаков долго гледаше во детето. Требаше тој да му го раскаже тоа, како што и нему, на Јакова, на слична возраст тоа му го кажа татко му Шабтај, а на овој татко му Јехуда, а нему татко му...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во детето како што се гледа од гестовите а и од интонацијата на зборовите има премногу гнев кон сѐ околу него, а самиот како да не е свесен поради што.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чана ја поткрева големата снага, ги гледа децата и вели Шо велиш, моја Пелагијо, ки са нај м′шка р′ка да гу пувела во дете?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Првиот што беше пред вратата пречекори три чекори внатре, погледна во децата и почна да се смее: – Машала, машала, машала!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дури и облеката му се измени. Се претвори во дете со куси пантолони и бела кошулка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Воздржувајќи ги солзите, Горда посака да се зафати со нешто и да ѝ помогне на жената околу кујната, но жената сметаше дека тоа е понижувачки за неа (за неа или за Горда?), па Горда остана да седи крснозе, да пуши цигара по цигара и да гледа изгубено во детето, што играјќи си на подот заспа меѓу играчките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека ја слушаше, а не ја дослушуваше жената како ѝ зборува, Горда гледаше во детето - годиначе, тоа си играше на подот од кујната, седнато па стркалано, уште сакаше повеќе да лази одошто да оди, клатејќи се на ножињата како пајче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
САЗДО: (Гледа во детето како во некое мало чудовиште) Кој те научи така?
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Дури во воденица ли да те барам? се загледа тој во детето, преправајќи секако да не го видел човекот со пушката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Човекот што бараше, ха, - ќе го сукнеше малку генералското мустаче стрикото Лентен, ќе намигнеше одвисоко, весело, па како којзнае колку да размислува гледа, гледа во детето и најпосле ќе рече: - Ами, ништо мило мое! Пустиниче некое, хе!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Молчеше, како уловено, слабо врапченце. Со ситни живи очиња гледаше од дете во дете, сега и ние молкнувавме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Му давам компирчиња, а тој одбива од парите и, гледајќи во децата ми подава.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Може, но јас не сум првпат тука, - човекот гледаше во детето со долг, топол поглед.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не веруваа сосем во детето и коњот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)