Подоцна ќе дознаам дека ова е нова гранка што ја нарекуваат Happy Hardcore, што е дизајнирана специјално за да ги омекне нештата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Владата почна да покажува загриженост“, ни открива еден ди-џеј во доверба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се мешаа националности, вери и обичаи, луѓето живееја во доверба, разбирање, заеднички полесно им се спротивставуваа на ударите на судбината во овие неизвесни времиња.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Туку да ве прашам вака во доверба, да не не смеам да да- вам вакви ексклузивни информации во јавноста, па сите да мислат овој не е арен?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Впрочем тоа и му се укажуваше, најнапред во ракавици, приватно, во доверба, во Советот, потоа, се разбира и јавно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ни едните, ни другите укажувања тој не сакаше да ги чуе.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега сме тука кајшто сме талкајќи низ вековите се изнаслушавме врапчешки џивкања на соништата им стававме перници од теракота - ем црвени, ем вековити да бидат и така дојдовме до реката и тука научивме дека за да ја минеме реката сака да направиме мост и тука некој ѓоа во доверба ни шепна дека ако нема напред нема ни назад
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Дополнително се воведува нејасната формулација „информација кажана во доверба“ која дополнително ја компликува и онака тенденциозната заднина на оваа одредба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дополнително беше воведена нова обврска со која на работникот не смее да му се открие било каква информација која е од деловен интерес(!) на работодавачот, а јасно била кажана во доверба!?
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
"Сметај дека ништо не се случило... ако работата остане само на тоа", во доверба ми рече вујко ми Герман, со што по долго размислување, се согласив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мал Борче пред некој ден во доверба ми рече дека Кире од кадровското го викале врбов прат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја тепал жената со стап од врбово дрво и тоа по дебелите меса.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Божем жена му лично дошла кај секретарката во кадрово и си го кренала здолништето за да ја запознае лично секретарката Соња со кадровските умеења на нашиот кадровик Кире!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Скришум и во доверба ги прашувавме - добро, нека е така, дека Тито ја затвори границата и е предавник, а како се најдовте вие во Јасеноно и Катланово, штом границата беше затворена? Предавници ли ве лекуваа?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Старчето во доверба му шепна дека прво да помине по Либражд и да се држи покрај патот, а ако најде камион, може да оди и со камион, а кога ќе стигне до еден голем град што се вика Елбасан да не го фати горниот, ами долниот пат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во доверба ти кажувам- републиканец сум само.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Поточно ни тоа не сум за да ме споменат во учебниците.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Еден ден Стево Трајчов во доверба ми рече дека Лилица заминала кај мајка си во Краљево. Засекогаш.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме не криеше дека госпоѓа Мариела е негова братучетка, а во доверба, уште на почетокот, претставувајќи ми ја, едвај чујно додаде: „Потребна ми е за увид на односите и распоредот на силите внатре, меѓу вработените.“ И толку.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа во доверба го пренесе Деница, според кажувањето на келнерката Цвета.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се приближи брзо до Елена и како во доверба ѝ шепотеше: - Знам зошто.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И една ноќ, кога Мајка ги почувствува првите болки што го најавуваа скорото раѓање, го повика Татко и во доверба му рече: – Дојде времето да ти откријам една тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Токму затоа, ако те повикаат на разговор, треба да објасниш сè како што се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ми нашепна во доверба дека нему му било познато дека употребата на ременот била применувана од секоја власт; дека ременот со право бил сметан за основно помошно сретство при откривање на вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа, во доверба му нашепнал: „Ни дале наместо боева муниција, од онаа, другана, што служи само за воени вежби. А таа не убива, руски пријателе. Зар не мириса тоа на предавство?“
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но, признај, ти немаш белешка дека си му го предал на твојот шеф она што било во теглата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И тогаш наеднаш се досетил бистриот Капетан. Живкович мислам се викаше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сета ваша големина значи била во довербата што сте ја имале кон целта што сакавте да ја постигнете!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Уметноста на љубовта е во слободата, а коренот во довербата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Љубовта е комплементарна енергија и активен дијалог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
По шест месеци, тие кои го казнија, убедени дека е превоспитан, го вратија во единицата во која се најдоа и други како него – со вперен поглед во иднината и со главите полни со правди што одвај ги разбираа, ама воодушевено и во доверба ги проповедаа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не е некој друг, ами самата старичка во доверба и го раскажа случајот на сосетката, а таа му го прераскажа на целото село...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имало случај, кој ми се изнесува во доверба, кога еден водич - конзерватор, на крајот од кариерата, не можејќи да лаже за статуата кој ја претставувал пред угледна странска делегација, рекол – статуата или јас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Србин, онаков сув и висок, стоеше како светец, а Шишман се преместуваше од едната нога на другата постојано подметнувајќи го увото пред Србина како да чека овој нешто да му каже во доверба.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)