Ваквата тројно и четворно зголемена работна рака и давачки, бараа нова организација на производството и постојан надзор, па Акиноските, за да бидат поблиску до Потковицата, од Солун се преселија во Битола и оттаму, во екот на полските работи, доведуваа сакимии.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А другите јажици, во екот на жетвата, ги правеа таму, во полето, каде што ќе имаше вода, во доловите и ендеците, но најмногу, речиси сите жители на Потковицата, на Алилово.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа, навистина, се должеше на смаленото количество на вода во бунарите и чешмите, но и на недостигот на време и на табиетите на редовниците - жените кои во екот на полските работи бидуваа задолжени да се грижат за домаќинствата, за децата и за домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А венчавка да направиме мирно, сега, сред лето, во екот на полските работи, е и невообичаено и не постои никаква можност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За да не трпат тие за вода, редовниците буквално се натпреваруваа која попрва ќе се снабди со вода, па уште со темници побрзуваа да зафатат ред на чешмите и бунарите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Пали!!! - остро допре гласот на командантот и се изгуби во екот на стрелбата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во Розино и во сета „Розова долина“, во послендите мајски дни, сѐ е на нога, зашто сите се во екот на бербата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Некогаш, во екот на градбата, на Куплени Остров имало 1.000 Југословени.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Среде чаршијата, каде што беа сите збиднувања и тоа во екот на сезоната.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Објавена пред пет години во екот на општата Екстази паника што владееше во раните деведесетти, „Е е за Екстази“ беше одлично сумирање на сите достапни резултати од научното истражување на дрогата, истражувања што покажаа дека, спротивно на тврдењата на таблоидите, таа не е „убиец“ и дека ако се зема во вистински контекст, таа всушност може да има бројни корисни ефекти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Само што, Сандерс и неговите книги може да имаат поголем ефект отколку слоганизирањето во стилот на Лири.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така, Иле Вегов - Брчалото се изгуби од Брезница токму во екот на изградбата на слетувалиштето за американски чопери на Тумбица и големата потрага по сопруг, татко и домаќин во домот на пазарџиските ороспии. ***
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во јануари 1898-та, во Франција, во екот на аферата околу капетанот Драјфус, обвинет за шпионажа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)